Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Ана Петровска: Системски да ги решаваме проблемите на граѓаните во Шуто Оризари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Актуелно
1-5

Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без Детален урбанистички план, се само дел од проблемите за кои дискутиравме денеска со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари. До повеќето куќи нема пристап за противпожарно или амбулантно возило.

Потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето т.н. фантоми, но и образование и преквалификација за вработување. Достоинствен живот може да се обезбеди преку соработка на Градот и општините и Центарот за социјални работи.

— реклама —

Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков старт и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме. Скопје мора да биде хуман град.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања