Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Ана Стојаноска утре ја претставува Македонија на Јуниорскиот евросонг, гласањето започнува вечерва

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Македонија
media-librarysqb0roiuirab1tF7okC

По еднонеделни интензивни проби во Малта, Ана Стојаноска е подготвена да ја претставува Македонија на 24. издание на Јуниорскиот евросонг.

— реклама —

Онлајн-гласањето за фестивалот започнува вечерва, во петок, во 23:59 часот и ќе трае до утре, сабота, до 20:59 часот. Македонските граѓани можат бесплатно да гласаат за нашата претставничка преку официјалната страница vote.eurovision.com.

— реклама —

Изведбите ќе ги оценуваат 16 жирија, составени од по пет члена од различни европски земји. Нивните оценки ќе учествуваат со 50 отсто во конечниот резултат, додека преостанатите 50 отсто ќе ги одредат гласовите од публиката.

— реклама —

Ана Стојаноска ќе настапи со песната „Идната јас“, со која ќе се обиде да оствари добар резултат на музичкиот фестивал.

Преносот во живо на Јуниорскиот евросонг ќе може да се следи на Националниот сервис утре, во сабота, со почеток во 21 часот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања