„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Анализа на случаите на убиства на жени

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

Анализа на случаите на убиства на жени во периодот од 2008 до 2016 година, како и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство ќе бидат презентирани денеска во Скопје.

— реклама —

Презентацијата на публикацијата „ Анализа на случаи на Фемициди – убиства на жени во Република Македонија “ чиј дел се и случаите на убиства на жени во овој период ја организира Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

– Анализата е спроведувана во периодот септември – ноември 2017 година. Покрај презентација на наодите добиени од увидот во судските предмети, ќе бидат презентирани и препораки за унапредување на заштитата на жените жртви, како и препораки за превенција од оваа најтешка форма на насилство, велат од Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство.

— реклама —

На настанот, воведни обраќања треба да имаат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерка за труд и социјална политика работи Мила Царовска, и постојаната координаторка на ОН и постојана претставничка на УНДП Луиза Винтон.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања