Анализа: Зошто Иванов го оптоваруваше папата со проблеми за кои тој нема решение?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
papa-R-makedonija

Дипломатскиот протокол се потпира врз неколку сегменти: меѓународни правни правила (најголем процент), домашна легислатива, традиција и обичаи, воспоставена пракса и такт и здрав разум.

— реклама —

Со други зборови, кога примате странски државник во официјална посета, се трудите посетата да помине во позитивна атмосфера, освен ако гостинот не е дојден да ви помогне конкретно во решавањето на одреден проблем. Посетата на Папата не беше медијаторска, па затоа не гледам причина зошто претседателот избра да го оптовари говорот со внатрешни политички проблеми, за коишто Папата ниту има удел во нивното создавање, ниту има решение. Говорот требаше да се осврне на историскиот развој на односите меѓу Македонија и Ватикан, на богатството што го нуди оваа земја во однос на диверзитетот на етникуми, религии, соживот...нејзиното богатство и придонес во развојот на човечката култура и цивилизација, христијанството....Македонија има толку многу да понуди, па не разбирам зошто шеф на една ваква прекрасна и богата држава одбра да оди со жалопојка? Не сакам да навлегувам во подлабока политичка анализа околу предизвикувачот на внатрешната политичка поделба во државата за да не предизвикам политички коментари на ѕидот кои по секоја цена сакам да ги избегнам, но навистина, една толку прекрасно организирана посета која требаше да биде симбол на добра волја, беше засенчена со непотребно исфрлање на нашите валканите алишта.

— реклама —

Се сеќавам, пред повеќе години, на една странска делегација, група наши политичари и‘ ја истури целата фрустрација со Рамковниот договор. ( Инаку, делегацијата беше од Азија и беше дојдена за деловна соработка) Откако целиот состанок помина во објаснување за тоа „кој прв почнал“, гостите срамежливо рекоа „ама ние не сме дојдени за тоа“.

Со три збора – говорот беше нетактичен. Претседателот Иванов, на залезот на својот мандат, ја испушти приликата да блесне како вистински државник и татко на целата нација.

Затоа, кога ќе ви дојде гостин на кафе и муабет, сварете му го највкусното кафе што ќе го памети цел живот, покажете му го домот, дочекајте го како што го доликува. А вашите брачни проблеми прескокнете ги.

И тука ќе завршам со Папата. Следен на гости ни е Принцот Едвард.

Фејсбук статус на Академија за протокол

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања