Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

АНБ ги остави вработените во МВР да работат без обновени безбедносни сертификати, вели Левица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
322487201_708902343954066_1537983138330066058_n

Агенцијата за национална безбедност, која беше опфатена со низа скандали на претходниот директор Виктор Димовски, неколку години наназад не ги извршува своите законски надлежности. Информациите кои пристигнаа до Левица се дека стотици вработени во Министерството за внатрешни работи чекаат по неколку години за обнова на безбедносен сертификат, вели Левица

— реклама —

„Согласно Законот за АНБ, Агенцијата врши безбедносни проверки на лица заради утврдување на безбедносни пречки при издавање на безбедносен сертификат за користење на класифицирани информации.

Оваа безбедносна проверка во Законот за класифицирани информации трае најдолго до 6 месеци. Безбедносниот сертификат е задолжителен за голем број на вработени кои работат секојдневно со класифицирани информации - вработени во МВР, но и во многу други институции и професии.

— реклама —

Со тоа што на овие лица во МВР не им се обновени безбедносните сертификати, тие располагаат и работат со класифицирани информации спротивно на закон. Истовремено, во судовите голем број судски предмети со години се закочени, заради тоа што судии чекаат со години да им биде продолжен истечениот безбедносен сертификат, токму поради непостапувањето на АНБ.

— реклама —

За беззаконието кое владее во безбедносните служби, говори фактот што повеќе од 15 месеци АНБ нема назначено директор за внатрешна контрола.

Дали и новопоставениот директор Зарко Милошевски ќе ја продолжи праксата на незаконско работење, со што директно се поткопува безбедноста на државата?

— реклама —

Левица јавно прашува зошто, освен за случајот со Онишченко, собраниската Комисија за надзор на АНБ ги затајува овие скандали, каде претседател е коалициониот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања