АНБ направила пропуст, познато е како Онишченко станал Македонец

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Screenshot-2022-11-18-at-15.16.48

Директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, кажа дека АНБ лоцирала каде е пропустот со кој украинскиот државјанин Онишченко станал македонски државјанин.

— реклама —

„Последното ниво кое требало да направи консултација со партнерите во НАТО алијансата, не било направено. Преземени се мерки за утврдување на одговорност. Испитуваме дали се работи за изолиран случај или има друг предмет. За лицето и други инволвирани во овој случај, ќе бидат преземени законски мерки. Од законот ќе зависи дали ќе заврши со дисциплинска или кривична одговорност. Ќе видиме се дали работи луктративен интерес, пропуст... Ќе ве информираме како ќе продолжиме“, кажа Димовски.

— реклама —

Олександр Онишченко, Александр Онишченко, Александар Романович, Александар Кадиров. Ова се само дел од идентитетите кои ги има користено украинскиот политичар обвинет за прење пари кој од крајот на мај годинава е македонски државјанин со владина одлука.

— реклама —

Иако во Македонија првпат влегол во 2020 година, со рускиот пасош, а за Слободен Печат тврдеше за македонски пасош чекал две години, од МВР за ТВ24 велат, кај нив не побарал привремен престој како странец кој влегол во земјава. Оваа информација ја потврди и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во вчерашната Анализа на ТВ24, кој изјави дека Онишченко немал дозвола за времен престој бидејќи никогаш не доставил барање за таков документ.

Онишченко кој тврдеше дека Германија му ги дала сите документи, за каде вели дека има и бизнис, всушност има германска виза за престој која не му дозволува работен ангажман. Владата пак, се уште ги очекува извештаите од четирите институции кои дадоа зелено светло Онишченко да стане рамноправен македонски државјанин, за да провери како е спроведена процедурата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 3 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 3 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 4 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања