Службената белешка на Агенцијата за национална безбедност е клучен показател за планирање на бегството на Орце Камчев, осомничениот во случаите Империја и Плацеви на Водно, а сведок во предметот Меѓународен сојуз, ама досега никој освен надлежниот обвинител не го видел ниту пак има детали за јавноста како и зошто агентите на АНБ откриле дека Камчев ќе бега во Бугарија по средба со бугарски државјани во Скопје минатиот викенд, Објави Телма.
Бројот на службената белешка на АНБ е цитиран во одлуката за притворот, во неа се спомнува дека „осомничениот остварил средба со лице од Р.Бугарија, а во врска со реализација на намерата за негово бегство во Р.Бугарија“. Дополнително во одлуката за притвор стои и дека информацијата за осомничениот (Орце Камчев) се однесува на периодот од 12-ти до 14-ти март кога е лишен од слобода во Скопје.
Проблемот е дали поради јавниот интерес за вака високо профилиран кривичен случај, АНБ ќе соопшти детали за белешката која засега е класифицирана.
Текстот во целост на: Телма.