Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме
„Претрес“ на Јане Ченто: 27 април, затворот, сведоците, снимките, ВМРО-ДПМНЕ и второто полувреме

ANDALUCIA, изложба на Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Скопје
Pokana_Andalucia_4

На изложбата Andalucia ќе бидат претставени четириесетина уметнички фотографии на двајца современи македонски фотографи - Дејан Колевски и Кирил Пенушлиски. Изложените фотографии се направени во градовите Кордоба, Севиља, Гранада, Гарзамела, Кадиз и Ронда, каде што двајцата автори имаа студиски престој во периодот октомври – ноември 2017 година. Прикажувајќи ги луѓето, обичаите, природните убавини, културните споменици и архитектурата низ призмата на своите апарати, Колевски и Пенушлиски нудат уметничко толкување на идентитетот на овој регион на Шпанија.

Дејан Колевски e мајстор на фотографијата, кој има повеќе самостојни изложби, меѓу кои и изложба во Националната галерија на Македонија во Скопје. Во неговите фотографии централно место зазема човекот, прикажан во урбана средина. Во оваа серија тој прикажува најразлични сцени од секојдневното живеење.

— реклама —

Кирил Пенушлиски е фотограф, кој аматерски се занимава со фотографија од 1994 година. Пенушлиски верува дека помалку информации ѝ овозможуваат на фантазијата повеќе да работи, па затоа во неговите фотографии деталната и верната дескрипција е заменета со сугестија. Andalusia е негова прва самостојна изложба.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања