Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Андоновска: Дали бизнис интересите на Арсовска се поважни од спортскиот живот во Ѓорче Петров и затоа одземена им е салата на спортските клубови?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Andonovska-16.02

Како советници сите, а градоначалникот добивме барање од повеќе од десетина спортски клубови од општина Ѓорче Петров каде што бараат да им се врати салата за спортување, ова е преседан, никогаш досега со децении. На некој му текна прв пат да им ја одземе салата, од која причина го правите тоа. Има извадоци од социјалните мрежи каде овие клубови посочуваат лица дека се работи за бизнис интереси, откажете од тоа и вратете им ја салата, изјави советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Марија Андоновска, на денешната седница на Совет на Град Скопје.

— реклама —

Таа посочи дека не е страшно и срамно ако им се врати салата, страшно и срамно е ако не се врати.

— реклама —

- Друг пат ќе видиме дали постојат бизнис интереси, сега бараме да им ја вратите или дадете одгвовор дали бизнис интересите се поважни од спортскиот живот во Ѓорче Петров, рече Андоновска.

— реклама —

Андоновска потоа постави прашање до директорот на Музеј на Град Скопје дали добил дозвола за сите реновирања од Агенција за заштита на културно наследство бидејќи информациите говорат спротивно.

- Второто прашање за директорот на Музеј на град Скопје, каде во електронскиот систем за јавни набавки гледаме дека склучил договор за реновирање со фирма од Мала Речица. Според нашите информации ова не е единствен случај, прашањето е дали за сите овие реновирања каде постои законски основ да се побара дозвола од Агенција за културно наследство, директорот буквално сите реновирања има побарано дозвола, бидејќи моите информации говорат дека нема добиено за сите дозвола, рече таа.

Андоновска на крај ја праша и градоначалничката дали, кога и каде ќе го врати споменикот од Ќосето или тоа е уште една лага на Арсовска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања