Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Андоновска: Нов скандалозен тендер за набавка на мамографи во вредност од 85 милиони денари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Двете години од раководење со здравството од страна на Венко Филипче и СДСМ може да се сумираат и да се каже дека поминуваат единствено во најблаго речено криминални тендери, изјави Марија Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —
— реклама —

„Скандалозен тендер за раегенси и централизирани лабораторатории, скандалозен тендер за сржта на медицината - стерилизацијата, а сега на повидок е веројатно нов скандалозен тендер за набавка на мамографи.

— реклама —

Замислете,

Во јавноста има информации за набавка на осум нови мамографи и тоа по цена од 85 милиони денари!

Официјалните податоци пак говорат дека во минатото шест мамографи се набавувале во вредност од 35 милиони денари. Разликата е огромна и прашањето е каде ќе завршат парите на граѓаните.

Сите се свесни за напредокот на технологијата, но во околности кога министерот се поврзува со толку многу криминални тендери, со толку многу лаги, тешко е дури и да се помисли за искрени намери.

Оттука, министерот Филипче треба да даде повеќе одговори.

Зошто дупло поскапи мамографи?

Пак ли знае однапред, како и за реагенсите, на која фирма ќе и го даде и овој тендер?

Дали тендерската документација ја подготвува по теркот на негова фирма?

Дали тендерот ќе го објави кога веќе ќе биде договорен?

Почитувани,

Знаеме Филипче бега од одговори, бега од дебати со оние кои имаат поинакво мислење. Но, станува збор за трошење на народни пари и во овој случај одговорност мора да има.

Ако мисли да продолжи на ваков начин да го урива здравствениот систем, крајно време е Филипче да си оди. Филипче мора да ја напушти функцијата и да дозволи некој кој е способен да го води здравството“, изјави Андоновска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања