Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

Андоновска: Срамота е што Арсовска не е присутна на седницата за собирањето отпад

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија

Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје на денешната седница на Град Скопје бараше градоначалничката Данела Арсовска и директорката на комуналното претпријатие, Косана Мазнева да бидат присутни на седница за собирањето на отпад, да се дебатира за истото и да се изнајде решение.

— реклама —

dobivaj vesti na viber

— реклама —

-Јас укажав и апелирав дека тука не е ниту градоначалничката, ниту директорката на комуналното претпријатие. Ние овде нема со кого да дебатираме и тоа е крајно несериозно, ве замолив да интервенираме да ги повикаме уште еднаш да дојдат бидејќи нема нешто што е поважно во моментов освен не дај боже да е загрозена нивната здравствена состојба. Тоа би било само единствено оправдување да не се денеска тука, нема ништо поважно од тоа да се денеска тука и да дебатираме, ни се случуваат проблеми, не само нам, им се случуваат проблеми на граѓаните на Скопје. Денеска е ова, утре ќе биде нешто друго, задутре ќе биде уште пострашно, затоа треба да сме денеска тука, да дебатираме за истите, да најдеме решение бидејќе нема никакво оправдување кога утре ден ќе ни се случи поголема катастрофа од ова што ни се случи пред некој ден, рече Андоновска.

— реклама —

Андоновска укажа дека градоначалничката, директорката и оние кои што се надлежни треба да се присутни на седницата бидејќи доста е од дневна политика, ситни политички поени и популизам.

— реклама —

-Затоа барам да се обезеди присуство на градоначалничката, директорката и оние кои што се надлежни да дебатираме денеска ние за оваа точка, бидејќи дневна политика, ситни политички поени, популизам овде не ни треба да зборуваме. Ние треба аргуменирано да дебатираме и да донесеме решенија кои што понатака ќе бидат реализирани и спроведени. Ве молам да обезбедите присуство бидејќи нема ништо поважно денеска од тоа градоначалничката денеска да е присутна во оваа сала, порача Андоновска.

Макфакс

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања