Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Андоновски: Европскиот извештај покажува дека самобендисаната влада не ги спроведува реформите и забелешките од 2020 и 2021 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Andonovski-15.10

Самобендисаноста, дрскоста и навредите од премиерот нема да ги направат резултатите на оваа Влада подобри од оние кои се забележани во годинешниот извештај на Европската унија за напредокот на Македонија, вели Стефан Андоновски, меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ

„Извештајот ги бележи недостатоците во владеењето. Но, реформите треба да бидат за граѓаните. Не за самобендисаните елити во зградата на Илинденска.

Очигледно е дека Владата не се грижи за реформите. И тоа е факт од кој не може да се избега со скапи настани и прес-конференции.

Ковачевски изгледа ги преспал препораките на Европската комисија и од 2021 и од 2020 година.

Недостасува реализација во клучните области. Ова се однесува особено на препораките за реформа на јавната администрација, градење на конкуренција на пазарот, слободно движење на стоки и работници, како и правото на интелектуална сопственост.

— реклама —

Оценката на Европската комисија, во многу делови, е дека нема никаков напредок во спроведување токму на препораките од Комисијата во неколку претходни извештаи.

Но, додека Владата зборува со навреди кон опозицијата, ние ќе зборуваме со факти.

Во делот на реформата на јавната администрација ЕУ и забележува на Владата дека сите препораки од минатата година не се адресирани во доволна мера. Во реформата на истата нема напредок, а Македонија е само умерено подготвена.

Препораките за подобрување на процедури за елиминирање на непотизмот, клиентелизмот и кронизмот, вклучително и за назначување на менаџери и членови на надзорни и управни одбори не се имплементирани.

Владата не направила ништо ниту во реформата на безбедносните служби. Во овој дел се повторува критиката од претходните години дека Земјата треба да го зајакне капацитетот за парламентарен надзор над разузнавачките служби.

Во иста ситуација е и борбата со корупцијата и организираниот криминал.

— реклама —

Според извештајот за активностите за 2020 година на ГРЕКО, кој е забележан и во овој извештај , Македонија имплементирала само 52 отсто, а делумно имплементирала 40 отсто од препораките.

Во делот на борбата со организираниот криминал, остануваат истите препораки уште од 2020 година. Ништо не е направено за подобрување на ефикасноста на спроведувањето на законот во борбата против одредени форми на криминал, како што се перењето пари и финансискиот криминал.

ЕУ забележува и на недостатокот на координација, која останува клучна за сите чинители вклучени во борбата против организираниот криминал.

Вицепремиерот Маричиќ вели дека е задоволен во делот на економијата.

Но, извештајот го демантира и вели дека Владата не ги имплементирала ниту препораките од 2020 година во делот на слободниот пазар. Затоа бизнисот страда од сива економија, слаб менаџмент на јавните инвестиции, хаотични мерки за помош на бизнисот и граѓаните.

— реклама —

И тука преовладува мислењето дека регионалната криза само ја продлабочува лошата состојба во општеството локално, со изразито висока инфлација, високи цени на добрата, храната и енергенсите, како и потресите на синџирите на снабдување.

Ако ги сумираме оценките, Владата во Македонија има и најнизок степен на напредок во вкупно 35 позиции.

Во 35 области, Владата не успеала да постигне напредок поголем од оценка 2.

Областите каде се забелешките од ЕК за застој не зависат од договори кои значат потчинетост.

Ова претставува непочит и за ЕУ и за ЕК, за кои Владата има само убави зборови, а нема дела.

Но, најмногу е непочит кон македонскиот граѓанин кој очекува резултати.

— реклама —

И за тоа не е виновна опозицијата.

За ова се виновни неспособноста, неработата, надменоста и дрскоста на Владата.

Реформи и се потребни на Македонија. Македонските граѓани сакаат да живеат подобар живот.

Не само заради Европската унија.

Затоа на Македонија и се потребни промени“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања