Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Андоновски: ЈП под град Скопје имаат одлични резултати, Водовод има 1 милион евра подобра наплата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Скопје
Screenshot_2-2

„Ниту опозицијата во изминатиот период во Градот Скопје нема критикувано ниедно од јавните претпријатија, зошто е тоа така? Затоа што јавните претпријатија имаат одлични резултати во работењето“, вели меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ и член во Советот на Град Скопје, Стефан Андоновски во вечерашното гостување во емисијата „24 Анализа“ на Телевизија 24.

— реклама —

„Водовод има 60 милиони денари вратен поголема наплата затоа што се договори со граѓаните кои должеле да ги враќаат долговите на рати, тоа се 1 милион евра повеќе пари во Водовод. Имате нова мрежа која ја проектира сам, имате идеја или проект за фотоволтаични панели на објектите на водовод која не стигнало до советот затоа што градоначалничката никогаш не ја поддржала или не ја прочитала“, кажа Андоновски.

— реклама —

Тој посочи дека во ЈП Паркинг има средување на сите катни гаражи, консолидација на претпријатието, нови системи на внатре на работење, како и во Дрисла има нов објект за вработените, нови системи за преработка на опасен медицински отпад.

— реклама —

„Има проекти кои се реализираат, има проекти кои биле оставени од претходната локална власт, почнати или непочнати, планирани или непланирани и сите кои сметале дека проекти се добри се продолжени од страна на јавните претпријатија и се реализирани“, дециден е Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања