Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Андоновски: Правосудството во Македонија е депонија, револтот од неправдите е се поголем

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Stefan_Andonovski

Стефан Андоновски членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во директно вклучување од „Протестот против неправдите“ во Алфа телевизија, истакна дека во Македонија имаме тотална неправда, затоа што правосудството е депонија, а револтот на граѓаните е се поголем.

-Правосудството во моментов во Македонија е депонија, го велам ова затоа што во Македонија имаме тотална неправда, истакна Андоновски.

Андоновски исто така посочи дека треба да се одговорат неколку прашања  од страна на власта и тоа:

Зошто над 30 кривични пријави за поткуп од изборите не се процесуирани од страна на Јавното обвинителство?

Зошто во затвор лежат патриоти кои се осудени како терористи?

— реклама —

Зошто ни се случува високи функционери од власта како Ден Дончев сеуште не им се процесуирани кривичните пријави коишто треба обвинителството да ги обработи?

Зошто ни се случуваат постојани реперкусии и во администрацијата и во приватниот сектор, зошто државната администрација  и инспекторатите се користат како маша за да се реваншираат на обичниот граѓанин?

Зошто ни се случува високи функционери сегашни и бивши на СДСМ не одговараат за ниедно дело кое го имаат направено и институциите остануваат глуви за она за кое треба да реагираат?

— реклама —

Каде се телефоните и дали истите се вештачени од предметот „Рекет“?

Андоновски објасни дека не треба да ни се случуваат Луј Витон предмети кои немаат разрешница, како и тоа дека се случува реваншизам на сите неистомисленици на власта.

— реклама —

-Во СВР Битола од седум  до девет граѓани, високи оперативци се прераспределени на незаконит начин, тројца-четворица од нив се прераспределени надвор од Битола на други места надвор од местото на живеење, а по нив се водат и дисциплински постапки директно инструирани од власта, затоа што се противници на власта, се под мобинг и притисок, зошто треба да се случува реваншизам за противници на власта само ден по изборите – критикуваше Андоновски.

Андоновски посочи дека не протестира само ВМРО-ДПМНЕ, од исто време протестираат и мајките,  стечајците, синдикалците, средношколците, протести против струјата на други организации, во најава се и други протести, кои го покажуваат револтот на народот.

-Ние ќе останеме на улица се додека граѓаните тоа од нас го бараат, а се погласни се барањата по најразлични теми, но постоењето на неправда и обесправеноста која ја чувствуваат граѓаните како и сиромаштијата се огромни, вели Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања