Промени тема
Контакт
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења
„Претрес“ на адвокатката на газдата на „Пулс“: Вина, мито, пиротехника, тефтерот, лиценци, сведочења

Андоновски : СДСМ успеа за две години Македонија да ја стави  највисоко на листата по коруптивни практики во светот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Stefan-Andonovski-1

После драстичниот пад на „Transparency International“ сега објавуваме веќе една недела информации за коруптивното однесување во Националната Агенција за Европски образовни програми и мобилност, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.

Бидејќи одговор од институциите под контрола на Зоран Заев  нема денеска ги собираме сите наши наводи, информации, докази кои ги имаме и ги доставуваме до канцеларијата на ЕУ во Скопје.

— реклама —

Се надеваме дека институциите на ЕУ во едни солидни транспарентни процедури и практики ќе востановат дали постојат информации за коруптивно однесување за кои ние ги изразивме наводите изминатите неколку дена.

— реклама —

Од друга страна ги повикуваме  сите институции, приватни лица и организации да допрат до нас со информации кои ги имаат за наводи за други коруптивни практики од Националната Агенција  и им ветуваме дека нудиме бескомпромисна борба против корупцијата, против криминалот и ветуваме транспарентно однесување на институциите штом ВМРО-ДПМНЕ ја преземе власта во Република Македонија, истакна Стефан Андоновски од ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања