Промени тема
Контакт

Aндоновски со осуда за скандалот во Гостивар: Коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-libraryclm85tabicofcMA9YdM

ВМРО-ДПМНЕ изразува загриженост и осуда за скандалот во Гостивар, коалицијата СДС, ДУИ и Таравари го доведе градот до колапс, вели Мартин Андоновски, претседател на ОК Гостивар

„Ова е вистинското лице на локалната самоуправа во Гостивар, предводена од коалицијата СДС, ДУИ и Таравари. Поради основано сомнение дека се поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, е директно загрозено здравјето на граѓаните.

— реклама —

Над 1000 граѓани појавиле симптоми на труење, за кои се сомневаме дека станува збор за загадување на питката вода за Гостиварчани.

Ваквиот начин на водење на локална самоуправа е доказ дека СДС, ДУИ и Таравари немаат капацитет и квалитет да ја водат општината.

— реклама —

Почитувани, ВМРО-ДПМНЕ е заедно со Гостиварчани. Граѓаните очекуваат достоинствен живот, а не да живеат во страв поради неодговорно владеење на СДС, ДУИ и Таравари.

— реклама —

Очекуваме расплет на овој скандал од страна на надлежните институции, кои ги повикуваме да го истражат овој случај“, вели Андоновски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryno2cr484o2iv89WDivZ

Поранешната директорка на „Комуналец“, Артана Асани од затворски во куќен притвор, продолжува истрагата за загадената вода во Гостивар

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
glass-water-macro-shot

Жителите на Гостивар ослободени од плаќање на сметката за вода за август

Македонија | пред 3 седмици

voda

Прекината е епидемијата во Гостивар, нема нови случаи поврзани со водата

Македонија | пред 1 месец

media-libraryi9pe6n6qkgee6onAiAv

Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар, водата е чиста и безбедна за пиење

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања