Андов-Сокол за обвинувањата од Дурловски: Ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на ДПМНЕ и квази патриоти заврши“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Filip-Andov-Sokol-i-Igor-Durlovski-600x375

Членот на Центалниот комитет на СДСМ во Кисела Вода, Филип Андов- Сокол за 24 Инфо демантира дека имало инцидент со носителот на кандидатската листа на ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 5, Игор Дурловски. Дурловски изјави дека лицето Ф.А. вработен како советник во Владата во неколку наврати вербално го нападнал во сообраќај.

— реклама —

Андов за 24 Инфо рече дека не е повеќе советник во Владата и не коментира „шарлатански игри“.

-Не сум повеќе советник на Влада. Откако Зоран Заев си поднесе оставка си поднесовме оставка сите негови советници. Сега сум само член на централниот комитет на СДСМ во Кисела Вода и шеф на безбедност на кампања. Во врска со наводниот инцидент денеска ќе кажам дека ситни шарлантантски игри не коментирам. Некаде околу 13 часот се пресретнавме на семафори при што го отвори прозорецот и цинично ми довика ,,ќе изгубите” при што му кажав „сто години треба да лежите, времето на дпмне и квази патриоти заврши“.Уште не сум бил во полиција може и лаже дека пријавил, а и не знам по кој основ би го направил тоа, рече Андов за 24 Инфо.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања