Промени тема
Контакт
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања
🔴ВО ЖИВО од Охрид: Боки 13, Иван и Либеро, Везилка, смеа, забава, контроверзии, прашања

Андовски во Кичево: Конкретен план за нова и функционална болница

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 часа -

Македонија
media-librarytltsod8ldlrsdQYovnO

Заменик-министерот за здравство, Јовица Андовски, градоначалникот на Општина Кичево, Александар Јованоски, и директорката на Општа болница Кичево, Маја Цветановска Трајковска, заедно со делегација на Светска банка, ја посетија болницата во Кичево и го разгледаа концептот за изградба на нова болничка установа.


Планираната инвестиција е проценета на околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра.


— реклама —

„Кичево со децении се соочува со несоодветни болнички услови. Време е овој проблем да добие трајно и функционално решение. Целта е граѓаните да добијат сигурна здравствена грижа во својот град, а здравствените работници современи услови за работа“, изјави Андовски.


Новиот комплекс ќе располага со современи простории за дијагностика, болничко лекување и ургентна нега, системи за медицински гасови и енергетски ефикасни решенија.

— реклама —


Болницата ќе обезбедува услуги за Општина Кичево, како и за населението од околните места, со што ќе се намали потребата пациентите да патуваат во Скопје, Охрид и Битола.

— реклама —


Новата болница треба да стави крај на долгогодишната неизвесност и да обезбеди трајно здравствено решение за Кичево и околината.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library1nkgmt7e9lhd9uwLOyh

(Видео) Балкански рис забележан во околината на Кичево

Македонија | пред 1 месец

02

Кичевец фатен при предавање кокаин, поднесена кривична пријава

Македонија | пред 4 месеци

media-libraryoj3eosl9l6kcelO07AK

Општина Кичево: Поплавите се последица на неодговорно фрлање шут во речното корито

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykhi3q1lajavp8yNslR0

Водата во Кичево е повторно безбедна за пиење

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања