Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Андрески: СДСМ се грижи за граѓаните и ги реализира стратешките цели - во ЕУ како Македонци со македонски јазик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Организациониот секретар на СДСМ Вангел Андрески денеска говореше на трибината „Силно и одлучно“ што се одржа во општина Кривогаштани.

— реклама —

Пред присутните Андрески порача дека СДСМ е консолидирана партија, која постојано е на терен и се враќа на победничките патеки.

— реклама —

„Како државотворна партија постојано на дело покажуваме што значи вистинска грижа за граѓаните но и реализација на стратешките интереси на државата. Пред два дена во Скопје го потпишавме Договорот за Фронтекс, на официјален македонски јазик без фусноти и дополнителни формулации. Со тоа пропаднаа лагите на ВМРО-ДПМНЕ кои со месеци ги лажеа граѓаните дека македонскиот јазик ќе бил избришан дека ќе се нарекувал бугарски дијалект. Отворени се преговорите за членство во ЕУ, во Унијата влегуваме како Македонци кои зборуваат македонски јазик“ порача Андрески.

— реклама —

Осврнувајќи се на последиците од светската енергетска и економска криза, Андрески посочи дека Владата предводена од СДСМ презеде навремени и ефикасни мерки со цел да им помогне на граѓаните, на стопанството.

— реклама —

„Со два пакета мерки одвоивме 750 милиони евра за антикризни мерки. Во следните четири месеци им помагаме на над 200.000 граѓани, а дополнителни 52 милиони евра одвоивме за земјоделците, за да го зголемиме производствто на домашна храна и житарици, што е особено важно во време кога во светот има недостиг на храна.“ посочи Андрески, додавајќи дека премиерот Димитар Ковачевски и Владата обезбедуваат доволно енергенси за претстојната зима, но и дека инвестираат во нови домашни капацитети за производство на електрична енергија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања