Промени тема
Контакт

Анестезиолог во тетовската болница снимал пациентки и ги објавувал на Тик Ток, полицијата го уапси

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
mobilen-telefon

На социјалните мрежи се појави видео снимено наводно од лице вработено како анестезиолог на гинеколошкото одделение во тетовската болница, како во живо на Тик -Ток ги снима пациентките и вработените во една од салите за гинекологија во болницата во Тетово, објави ТВ21.

— реклама —

Телевизијата го верификувала видеото и добила потврда дека е снимено во тетовската гинекологија, а лицето што го направило видеото е ангажирано на одделението каде се прекинува бременост.

— реклама —

По објавата, анестезиологот, како што објави телевизијата, бил приведен. а вчера вечерта се огласи и директорот на болницата Пелумб Вела, кој го пријави овој случај во полиција.

— реклама —

Тој од пред СВР Тетово за ТВ21 истакна дека го осудува овој случај и дека очекува органите на прогонот што побрзо да го решат овој случај.

— реклама —

„Јас како директор сега сум во СВР Тетово да го презентирам случајот и во најбрз можен рок ќе го решиме ова прашање со органите на прогонот. Овој настан за нас не е разбирлив и го осудуваме секое непрофесионално однесување на медицинскиот персонал кон пациентите“, рече Вела.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања