„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ангел Арсов: Разграничувањето на улогите на законодавната, извршната и судската власт, клучно за трансформација на Македонија во нормална држава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
angel

Интервју со Ангел Арсов, кандидат за листа на пратеници ИЕ 3 од „Македонски Концепт“

— реклама —

Ангел Арсов – роден 1988-ма година во Кочани. По професија е историчар. Главен предмет на интерес му се општествените науки и луѓето како општествени битија. Читањето и истражувањето се негови омилени хобија. Обожува комуникација и споделување искуства. Ги шири своите познанства и стапува во контакт со нови луѓе. Обожува комуникација и интеракција со деца и млади.

ПОЛИТИКА: Кој е вашиот личен мотив да се приклучите на МК Концепт?

— реклама —

Ангел Арсов: Слободарскиот дух, Граѓанската идеја, со кои ќе се извлечат целокупните креативни потенцијали на македонското општество, неопходни да се надмине сегашната состојба на заробена или делумно слободна држава која е под закана од институционален колапс; борбата за квалитет, за слобода на приватната иницијатива; демократија наспроти партикратија. Тоа се основните белезите кои на Македонски концепт му даваат политички идентитет и оригиналност наспроти сите останати конкурентски политички понуди и субјекти.

ПОЛИТИКА: Дали е ова Ваш прв политички ангажман?

Ангел Арсов: Да. Единствено Македонски концепт успеа да ме убеди да излезам од широко распространета негативна перцепција во општеството зa политиката.

ПОЛИТИКА: Што според Вас е пресудно за подобра иднина на државата?

Ангел Арсов: На краток и среден рок тоа е деполитизацијата и департизацијата на институциите. Законите треба да важат подеднакво за сите, со безусловна примена на концептите на владеењето на правото и правната држава. На долг рок, неопходно е подобрување на квалитетот на образованието. Велам на долг рок, бидејќи плодовите од она што денес би го започнале, би ги жнееле по неколку години. Значи, неопходна е долгорочна стратегија, која би била донесена со широк општествен консензус на сите релевантни општествени чинители, чие спроведување временски го надминува мандатот на еден состав на законодавната и извршната власт, па според тоа, истиот смее да биде предмет на дневна политика, од која сите сме многу презаситени и изморени.

ПОЛИТИКА: Кои се приоритетите кои политичкиот фактор треба да ги преземе со цел да направи некаква промена во Македонија?

Ангел Арсов: Македонски концепт е првата политичка иницијатива со јасна граѓанска определба, која ја промовира идејата за правата и задолженијата на поединецот во неговата интеракција со државата. Тоа треба да бидат приоритети на секој политички фактор во една Нормална држава. Наспроти тоа, досегашните навики на демагогија вo процесот на пренагласување на колективните права, води кон состојби истите тие да се злоупотребуваат за создавање и легитимирање на коруптивни кланови и заткулисни центри на моќ, кои се надвор од секаква институционална и граѓанска контрола.

ПОЛИТИКА: За што ќе се залагате доколку добиете прилика да учествувате во управувањето со процесите во државата?

Ангел Арсов: Доколку добијам можност да имам влијание врз процесите во државата, ќе се залагам за разграничување на надлежностите на законодавната, извршната и судската власт, независност на судството и борба против тенденциите за кандидирање и ангажирање на несоодветни кадри извршната власт, што води кон девалвација на законодавната власт и преку тоа, нејзина директна контрола. Нам ни е потребен дијаметрално спротивен процес. Пратениците мора да бидат личности со интегритет, кои ќе бидат вистински контролори на работата на Владата, а не партиски послушници и обични притискачи на гласачки копчиња.

ПОЛИТИКА: Како вие лично ќе придонесете кон промените кои ги предлага Македонски Концепт?

Ангел Арсов: Во врска со мојот личен придонес, можам да кажам дека мојата најдобра страна е интерактивната комуникација со граѓаните и соработниците, преку која како човек чиј интерес се општествените науки, можам да пренесам мојата лична визија и младешки ентузијазам, во разбирање, развивање и имплементација на  процесите, неопходни за пренасочување општествените текови во позитивна, или подобро кажано, нормална насока.

ПОЛИТИКА: Зошто проекти?

Ангел Арсов: Проектите се неопходни како основен нацрт за реформи на институциите на системот. Прво, како до поквалитетни кадри. Потоа, како инструмент за собирање иновативни и креативни идеи, сѐ со цел согледување на реалните потреби на граѓаните. Тие во комбинација со професионална и стручна експертиза, ќе создадат многу пофункционални институции, а со тоа, ќе допринесат за поквалитетен живот на секој граѓанин на оваа Држава.

ПОЛИТИКА: Опишете ја Македонија за 5 години од сега.

Ангел Арсов: Македонија за пет години ја гледам како средно развиена земја, во која примената на европските вредности ќе создаде функционални институции, повисок квалитет на живеење и технолошки понапредно информатичко општество.

фото: Македонски концепт

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања