Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ангелеска: Реконструцијата на Владата е чисто врзана од тесно партиските интереси за опстанување на власт

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
silvana28022023

Оваа власт не трпи критика ниту од опозиција, медиуми, новинари, ниту сака да ги чуе синдикатите. Најверојатно таа не трпи ниту критика од сопствените редови. Ете затоа најверојатно претпоставувам дека Рендевски е натеран да си даде оставка, изјави пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Ангелеска на денешната собраниска седница.

— реклама —

Таа запраша дачи господинот Рендевски е разрешен односно си дал оставка самиот или пак власта го натерала да си поднесе оставка од заменичката позиција?

„Нелегитимниот премиер лаже дека оваа реконструција не е врзано од тесно партиски интереси, таа е чисто врзана од тесно партиски интереси за одржување уште неколку денови, месеци на власт, а зошто? За да можат да си продолжат тендерите во четири очи, да можат да продолжат со именувања на судии, обвинители, уставни судии и да го доокупираат судството и обвинителството“, рече Ангелеска

— реклама —

Ангелеска истакна дека заменикот министер Башким Хасани не побарува образложение од премиерот Ковачевски за неговото разрешување туку од Ахмети.

— реклама —

„Ова е една Влада која е неспособна, арогантна, самобендисана, криминогена, коруптивна и ништо нема да им помогне со таа промена на министри за да си го променат нивниот начин на размислување и делување, а кога колегите ќе спомнат предвремени избори власта реагира бурно на тоа“, изјави Ангелеска.

Таа истакна дека власта не може да сака предвремени парламентарни избори бидејќи нема анкета која не покажува дека се повеќе и повеќе тоне.

— реклама —

„Колку сте повеќе агресивни и арогантни обратно пропорцинално оди вашиот рејтинг, колку повеќе сте по агресивни и арогантни уште повеќе ќе пропаѓате. Колку повеќе од вашата уста излегува ЕУ, ЕУ, ЕУ уште повеќе ќе расте евроскептицизмот бидејќи власта нема европски вредности за да ја споменува Европската Унија“, децидна е Ангелеска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања