Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ангелевска: Суштината на се што се случува е дека власта нема стабилно мнозинство, ако некој требаше да се разрешува тоа е премиерот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
Angelevska-16.02

Суштината на се што се случува овие последни две недели е дека власта нема стабилно мнозинство и затоа се случува оваа драмолетка. Велите не е математика, но е чиста математика, меѓу Ковачевски и Алијанса, факт е дека немате 61 пратеник, немате мнозинство и нема изјава каде не викате ВМРО-ДПМНЕ кочи. Не кочи ВМРО-ДПМНЕ, туку немате мнозинство, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Силвана Ангелевска на денешната собраниска седница.

— реклама —

- За вас политиката е само математика и дозволивте во овие тешки времиња на енергетска и економска криза да се занимавате која позиција кому ќе припадне, истакна таа.

— реклама —

Ангелевска додаде дека предлогот на премиерот е едно ливче со три имиња да бидат разрешени.

- Нема образложение како сработиле, дали сработиле, дали ги исполниле очекувањата, ниту пак премиерот во експозето спомена нешто за овие тројца министри. Дел од министрите беа убедени да дадат оставка, едниот убаво си кажа дека е пазар 3 коалиција. Бидејќи сега зборуваме за Беким Сали кој се уште е министер за здравство, сакам да потсетам како премиерот злоупотребуваше ситуацијата со недостигот на лекот трикафта и прераната смрт на еден битолчанец. Викаа за 30 дена ќе биде набавен, а жално е како се користеше ситуацијата за лукративни цели да се натера министерот да прифати вина, нагласи таа.

— реклама —

Ангелевска потсети дека министерот реагираше дека не може да премолчи и дека министерството испратило до владата за средства за набавка на лекот, и дека покрај барањето ниту владата ниту премиерот не одличија да се обезбедат средства.

— реклама —

- Ако некој требаше овде да се разрешува требаше премиерот сам да си даде оставка, изјави Ангелевска.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања