Промени тема
Контакт

Ангелоски: „Отворен Балкан“ е можност за економски раст на регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Trajan-Angeloski

„Отворен Балкан“ е идеја која ќе заживее бидејќи ги поврзува претпријатијата од нашите земји, а особено ќе придонесе за унапредување на соработката во туристичкиот сектор како еден од најпогодените во кризата, вели во интервју за српскиот весник „Политика“ претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски.

„Не е логично да имаме одлична економска соработка со некои земји од Западна и Средна Европа, а да нашите производители се непознати за соседите, со кои сме близу и имаме минимални трошоци за транспорт. Нашите стопанства се комплементарни и се надополнуваат. Затоа мора да бидеме рационални и прагматични, да ги оставиме предрасудите и да гледаме на економската соработка која може да ни донесе подобро утре“, вели Ангелоски.

— реклама —

Тој ја истакнува потребата владите во Србија, Северна Македонија и Албанија да отворат зелени коридори и за патниот сообраќај не само за товарниот, како и да се забрзаат бирократските процедури, бидејќи како што вели “немаме повеќе време за губење, многу потрошивме до сега“.

— реклама —

“Бариерите кои постојат негативно влијаат на деловната активност на малите и средни претпријатија. „Отворен Балкан“ би требало за овозможи поттикнување на создавањето на услови за овие претпријатија да можат да соработуваат без потешкотии со соседните земји и на тој начин да им се овозможи долгорочен развој“, вели Ангелоски, кој потенцира дека постои голем потенцијал во заеднички настап на странски пазари во услужните дејности, бидејќи иако сме поединечно мали за глобалниот пазар, заедничкиот настап креира поголеми можности.

— реклама —

Осврнувајќи се на кризата во Украина, Ангелоски вели дека таа нас нè промовира како безбеден регион и дека во таа насока треба да се преставиме во подобро светло, да ја поправиме инфраструктурата и да станеме подостапни за странците надвор од нашиот регион, да нè запознаат подобро и да создадеме квалитетни услови за живот, работа и за економска активности.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања