Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку видео изјава информираше за состојбата на пожарите низ државата.
,,Благодарение на дождот кој што вчера во попладневните часови падна на повеќе места на држават и притоа ги поклопи скоро сите активни пожари, пожарите се целосно изгаснати.
Вчера имавме многу тежок ден затоа што имавме неколку многу ризични пожари како што беше пожарот на Кајмакчалан и пожарот во близина на Пробиштип.", вели Ангелов
Според УХМР нови врнежи од дожд се очекуваат и денес во попладневните часови, Ангелов смета дека со овие врнежи оваа сезона на пожари драстично ќе биде намалена.
Во моментов нема активни пожари.