Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ангелов на увид на опасната точка на патот во месноста "Аеродром", кај „Пониква“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
viber_image_2022-04-18_15-28-14-321

Денеска, 18.04.2022 година, директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов изврши увид на опасната точка на патот во месноста "Аеродром", во близина на викенд населбата „Пониква“, Кочанско. Имено, минатата година на 12.05.2021, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, одржа прес-конференција кај опасната точка на патот и иницираше барање за соодветно обележување и обезбедувње на местото на коешто локалниот пат „Пониква – Кочани“ се одвојува од помошната аеродромска писта изградена од поранешната Југословенска народна армија (ЈНА).

— реклама —

По иницијатива на ЦУК се одржа координативен состанок и во соработка со надлежните министерства, се иницираше поставување соодветна вертикална и хоризонтална сигнализација на коловозот, а таму каде што патот преминува во аеродромска писта да се постави вибрирачка лента која фополнително ќе ги предупредува возачите за опасноста како и поставување на браник на завршетокот на патот.

— реклама —
— реклама —

Исто така, е поставен патоказ за свртување во десно што го означува правецот на Кочани, при враќање од планинскиот туристички центар, како и други сообраќајни знаци што предупредуваат на опасноста дека возењето право е по слеп пат, односно дека коловозот завршува. Со тоа возачите соодветно ќе бидат известени во кој правец треба да се движат, за да се намали опасноста од евентуални несреќи.

— реклама —

Минатата година на оваа локација се случи трагична сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, а две беа потешко повредени.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања