„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Ангелов покажа врв на нечовечност со изјавата за насилно иселување на Ромите“, реагира Шукова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
kaja-sukova

Изјавата на Стојанче Ангелов дека Ромите во Вардариште требало насилно да бидат иселени е тешка и опасна навреда што го открива вистинското лице на оваа власт, оцени кандидатката за градоначалник на Скопје на СДСМ, Каја Шукова.

— реклама —

Оваа изјава на Стојанче Ангелов е тешка и опасна навреда за Ромите и го открива вистинското лице на оваа власт. Со кое право Ангелов кажува дека Ромите кои живеат во Вардариште требало „на сила да бидат иселени“? Ова е врв на нечовечноста, но и злоупотреба на луѓе од најниските слоеви за да се оправда нивната неспособност да направат нешто за да се спречат пожарите.

Ангелов и Тошковски во немоќ ниту да спречат, ниту да откријат виновници, а уште помалку да најдат исправно и хумано решение за луѓето, напаѓаат и дискриминираат цела заедница. Откако целата Влада излезе со различни ставови за тоа кој пали и кои се причините, откако сами себе се демантираат веќе цели два дена, сега конечно најдоа начин да се бранат со оцрнување и етикетирање.

— реклама —

Ова не е резултат на ништо друго, туку на неспособност, ароганција и гнев заради сопствените неуспеси. Граѓаните на Скопје треба да знаат дека локалните институции имаат задача да најдат решение за проблемот, а ВМРО-ДПМНЕ цели четири години не најде решение, ниту воопшто работеше на тоа. Фатени во криза од својата неспособност, не им останува друго освен да измислуваат странски центри и да напаѓаат луѓе на кои и онака животот им е многу тежок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања