„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Ангелов: Ситуацијата е под контола, Армијата ќе помага на здравствените власти

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
angelov

Акцискиот план денеска беше разгледан од Главниот штаб, а од 14 часот е ставен и пред членовите на Управувачкиот комитет каде се очекува да биде усвоен, а потоа и предаден до Владата. Владата треба да донесе одлука врз основа на која претседателот на државата и врховен командант, ќе даде наредба за активирање на Армијата, додека МВР ќе ја даде наредбата за полициските сили, истакна порача в.д. директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по завршување на седницата на која Главниот штаб за управување со кризи.

— реклама —

Ангелов додаде дека од безбедносен аспект состојбата во државата е под контрола и кај населението не треба да се создава паника.

„Се работи за ангажман на армијата за одржување на редот во здравствените објекти, онаму кадешто ќе побара министерството за здравство, или на други стратешки објекти од областа на здравството, или одредени магацини каде што би имало здравствена опрема. Припадниците на армијата нема да бидат вооружени, туку ќе помогнат на граѓаните да не се создаваат непотребни гужви или евентуална хаотична состојба“, рече Ангелов.

— реклама —

Во однос на расположливиот кадар, ЦУК засега може да функционира, уверува в.д. директорот, иако му требаат повеќе луѓе и веќе се покренати постапки за преземања од други институции.

– Ќе направам преносачување на внатрешните сили зашто во ЦУК има луѓе со завршена воедна академија и одлично искуство во оваа институција. Наместо да ги вршат работните задачи, ќе бидат вклучени во дополнителните обврски кои ќе се јават наредниот период. Ќе ни требаат дополнителни ресурси кои ќе ги бараме, но може да се пофалам дека наидов на разбирање кај премиерот и Владата поради што не очекува никакви проблеми. Факт е дека недостасуваат луше, но постои можност припадници од Армијата може да побарам да помогнат во одржување на оваа служба овде, на влезот, која е исто така непополнета. Оптимист сум дека во делот на обезбедувањето се ќе биде во најдобар ред, нема потреба од итност и паника. Само сакаме како Тело, што побрзо и навреме да бидеме подготвени зашто планот ќе биде динамичен. Не се работи за фиксна, туку за мобилна бројка на сили и ние во секој момент ќе им излегуваме во пресрет на здравствените работници. истакна Ангелов.

Инаку, обемниот и содржаен, Акциски план што го изготви Центарот за управување со кризи, е во директна насока за превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“ и има и преглед за расположивите човечки и материјално технички ресурси и план за координирано дејствување.

Целта е превенција и справување со ширењето на заразната болест „COVID-19“ предизвикана од вирусот „SARS-CcV-2“, заштита на здравјето и животот на населението преку сеопфатно координирани мерки и активности на субјектите во Системот за управување со кризи, како и рационалнио и ефикасно искористување на расположивите национални ресурси.  Секако, со Акцискиот план, беа утврдени и активностите на институциите за наредниот период.

 Центарот за управување со кризи е во постојано заседавање, а  работи  и за зајакнување на капацитетите на Главниот штаб за управување со кризи при ЦУК и со надворешни соработници од невладиниот сектор.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања