Парите од поврат на ДДВ, од скенираните сметки во месеците јули, август и септември ќе бидат исплатени на трансакциските сметки кај граѓаните до крајот на декември 2019, пишува на страната на МојДДВ. Министерката за финасии Нина Ангеловска во интервјуто за МИА посочува дека МојДДВ покажа дека дава резултати за целта за која беше наменет, односно над 150.000 луѓе активно скенираат сметки и на тој начин помагаат во решавањето на еден значаен проблем – сивата економија.Сакаме овој опсег уште повеќе да се прошири. За таа цел од средината на декември ќе започне МојДДВ #МојаНаграда. Наградниот фонд за играта ќе биде половина милион евра и ќе се доделуваат парични награди на дневна, месечна основа, како и две главни премии, вели министерката.
Покрај повратот, кој ќе го остваруваат граѓаните со скенирање на фискалните сметки, тие ќе може да станат и добитници на парична награда. Со ова граѓаните ќе имаат уште поголем мотив да влијаат и на адресирањето на сивата економија, односно секоја скенирана фискална сметка потенцијално е добитна – односно зборуваме за една вин-вин наградна игра, бидејќи сите добиваме – единствено кога губи сивата економија. Надградената мобилна апликација ќе содржи и едукативни елементи.
фото: Архива