Новиот министер за финансии, Нина Ангеловска доаѓа од бизнис секторот. Зад себе има успешен онлајн бизнис и импресивна биографија. Гласањето помина со 64 гласа „за“ и 18 „против“ за Ангеовска и 61 наспроти 21 за Џемаили. Прв им честита премиерот Зоран Заев.
Но во текот на денепната дебата 31 годипната Ангеловска беше почесто споменувана во собраниската дебата. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ сметаат дека нема искуство за да биде на чело на ресорот финансии и го прашуваа премиерот дали другите кандидати не прифатиле па Ангеловска му останала единствен избор но и зошто не слушнале ништо од неа за тоа како планира да се справи со предизвиците. Премеиерот ги повика да и дадат шанса за да покаже резултати.