Ангеловска: Сите кои останале без работа од 11 март до 30 април да поднесат барање за паричен надомест до 26 јуни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nina

Сите кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеца да примаат паричен надоместок. Во тек е аплицирањето во Агенцијата за вработување, кое ќе трае до 26 јуни, напиша министерката за финансии Нина Ангеловска во објава на својот профил на Фејсбук.

— реклама —

-При креирањето на мерките нашата примарна заложба беше да се погрижиме за да се зачуваат работните места и вработените лица да останат вработени и да добиваат плати. Но секако дека при креирање на мерките Владата се погржи и за оние чии работни се затвориле како резултат на кризата. Затоа беше донесена Уредбата за исплата на паричен надоместок на лицата кои согласно постојната регулатива не им следи паричен надомест за невработеност.

— реклама —

Сите кои останале без работа во периодот од 11 март до 30 април, без разлика дали потпишале спогодбен отказ или лична изјава, или добиле отказ од работодавачот, ќе можат два месеци да примаат паричен надоместок.

Во тек е аплицирањето во Агенцијата за вработување, кое ќе трае до 26 јуни, напиша Ангеловска на ФБ.

https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/videos/284330022754363/

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања