Анѓушев: „Еурокомпозит“ ќе се преструктуира, а вработените прогласени за технолошки вишок ќе добијат надомест

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
idiot

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, оствари средба со претставниците на синдикатот на „Еурокомпозит 11 Октомври“ – Прилеп и Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство.

— реклама —

Како што информираат од кабинетот на Анѓушев, на средбата тој рекол дека на 15 октомври Собранието на дневен ред ќе го разгледа предлог-законот за измена на Законот за приватизацијата.

— реклама —

„Со овој закон ќе се уреди можноста за остварување материјално обезбедување на вработените во комбинатот на кои работниот однос им престанува по однос на технолошки вишок“, посочил вицепремиерот.

— реклама —

Тој додал дека Владата во кус временски период ќе пристапи кон обезбедување стратешки партнер со цел трајно решавање на состојбите во „Еурокомпозит 11 Октомври“ и продолжување на функционирањето на компанијата во согласност со принципите на пазарното работење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања