Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Анѓушев и Сугарески се сретнаа со засегнатите страни во случајот со „Еурокомпозит 11 Октомври“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
eurokompozit

Заменикот претседател на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев и министерот за транспорт и врски, м-р Горан Сугарески, како што беше најавено во текот на минатата седмица, остварија средба со претставници на управата на „Еурокомпозит 11 Октомври“, претставници на синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР), претставници на синдикатот на вработените во компанијата и со претставници на вработените на кои им е престанат работниот однос во компанијата, со кои разговараа за евентуалните решенија за надминување на проблемите, кои се таложени со години во компанијата.

— реклама —
— реклама —

На средбата од страна на вицепремиерот за економски прашања беше предложено решение на наследените проблеми, во согласност со Закон, за кое претставниците на синдикатот на вработените во фабриката и на поранешните вработени, на кои им престанал работниот однос во компанијата, побараа дополнително време за консултација со своите колеги.

— реклама —
— реклама —

По добивање на согласност од страна на синдикатот на вработените и здружението на лица на кои им престанал работниот однос во фабриката, ќе се премине во реализација на предложеното решение, со кое конечно ќе се надминат проблемите со кои се соочува оваа компанија речиси 15 години.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања