„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Анѓушев на средба со германскиот советник Валтер Дефа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
DSC_7762

Зaменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања д-р Кочо Анѓушев, се сретна со амбасадорот на СР Германија, Н.Е. Томас Герберих и со д-р Валтер Дефа, специјалниот советник номиниран од Владата на СР Германија, кој како искусен професионалец се очекува да даде поддршка на Владата во  спроведување на економските политики.

— реклама —

Вицепремиерот Анѓушев ја искажа благодарноста кон Владата на СР Германија за поддршката кон евро-атлантските интеграции и економскиот развој на нашата земја, пришто го изрази задоволството што токму една од најсилните економии е посветена да ги поддржи економските реформи на Република Северна Македонија.

Анѓушев и Дефа разговараа за стратешките приоритети на Владата за развојот на економијата на Република Северна Македонија и како да се обезбедат клучните предуслови за побрз и одржлив економски раст и развој. Клучните постулати во оваа насока се владеење на правото, реализацијата на инфраструктурните проекти за подобро поврзување со соседите, со тоа и зголемување на регионалната економска соработка, но и реформи во образовниот систем, со кои ќе се задоволат потребите на пазарот на трудот во земјата.

— реклама —

На денешната нивна прва средба, Вицепремиерот истакна дека споделувањето на искуствата за европските фондови, ќе биде од особено значење и ќе придонесе за искористување на овие фондови за побрз економски развој и подобрување на животниот стандард и квалитетот на животот на граѓаните на Република Северна Македонија.

Валтер Дефа е долгогодишен претставник на СР Германија во Европската Комисијата, каде извршувал повеќе должности. Помеѓу другото бил и  директор на Генералниот директорат за регионална политика, а го предводел и Генералниот директорат за даноци и царини на Европската Комисија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања