„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анѓушев се премисли, иако сметаше дека нема ефект, сепак најави промовирање на предностите за вложување во земјава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
angusev-111

Вицепремиерот Анѓушев, најави дека ќе ги враќаат промоторите на земјава, и покрај тоа што претходно, сметаше дека нема ефект од нив.

— реклама —

Да, точно е, меѓутоа не изјавив дека тие нема да промовираат, нема да атрактираат или да ја презентираат нашата Програма пред странски инвеститори. Напротив, тоа ќе го прават, изјави Анѓушев и додаде.

Сакам да направам јасна дистинкција, помеѓу двата модела. Претходниот модел бил, каде што се праќаа македонски промотор во странска држава и тој прави паралелизам на амбасадорот таму. Значи, тие се сместени во Амбасадите и паралелно работат со амбасадите и тука имало двојство на улогите и тоа не даде баш најсоодветен резултат, односно на многу места предизвикало конфликтни ситуации. Но, од друга страна, нашата држава е мала и ние не може да очекуваме дека сите нас ќе не бараат во светот, напротив, треба ние да излеземе и тоа да го презентираме пред светот. Но, сега веќе имаме што да презентираме, имаме еден Закон за поддршка на инвестициите во индустријата и имаме Програма, која што треба да ја презентираме. Токму тоа ќе го направиме преку три концентрирани центри. Едниот центар да биде, во Америка, веројатно на Источниот брег, едниот центар во Германија, веројатно во Западниот дел на Германија, каде што ќе може да се покријат и сите соседни земји, значи во центарот на Европа и едниот центар на Блискиот Исток, каде што ќе можеме да ги информираме тамошните земји. Тоа ќе бидат единици, концентрирани, кои што ќе имаат двојна задача. Една задача е светот да го информираат за нашите програми, да разговараат со странски инвеститори, да ги донесат во Македонија, а другата задача ќе биде, да презентираат македонски производи, тоа што ние како држава го произведуваме. Практично, ова е сосема различен и она што морам да го подвлечам, многу поевтин модел, отколку да испратите во 40 земји, 40 промотори, кои што работат дивергентно. Ова ќе биде евтин модел, кој што имате во Буџетот, нема да чини премногу, а од друга страна концентрирано очекуваме да донесе резултат, истакна Анѓушев.

— реклама —

Што се однесува до најавата за економски аташеа. Анѓушев вели:

Не, значи она што го согледавме во меѓувреме, е дека доколку се економски аташеа согласно Законот во МНР, треба да се од редовите на ова Министерство, односно да бидат најмалку да бидат најмалку две години таму вработени, а за жал таков кадар специфичен нема и затоа пребегнавме кон ова, кое што е по оптимална, а верувам и со поголем резултат идеја.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања