Англиски туристи со куче десет часа барале сместување во Охрид, станоиздавачите не примале туристи со домашен миленик

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
turisti-kuce

Оние кои имаат домашно милениче куче, кое сакаат да го понесат со себе на летување во Охрид, добро знаат дека тоа е речиси невозможна мисија во нашиот езерски бисер. Речиси во сите хотели, апартмани, па дури и приватните куќи кои нудат сместување, при самото спомнување на зборот куче, реакцијата е слична, како да си прашал дали може да донесеш слон, објави fokus.mk.

— реклама —

Отсечно -Не, тоа е одговорот кој ги остава во неверување љубителите на кучиња.

На страницата на Букинг, каде се рекламираат најголем дел од сместувачките капацитети, речиси секаде е наведено дека миленичињата не се добредојдени. Зошто е тоа така, со оглед што станува збор за кучиња чувани во домашни услови, со стекнати хигиенски навики, повеќето хотелиери дури и немаат некој прецизен одговор.

— реклама —

За Фокус, брачен пар од Лондон, Англија раскажува што поминале додека нашле сместување во Охрид поради нивното куче од кое не се разделувале 11 години.

-Верувајте ни дека повеќе од 10 часа баравме сместување во Охрид. Никаде не не примаат со куче, нешто кое за нас е несфатливо. На прашањето зошто, добиваме нејасни одговори. Вакво нешто ни се случи само еднаш во Албанија, никаде на друго место во светот! Во Франција, Англија, Турција, секаде каде сме отишле, нашето куче кое е доста мирно по природа, било добредојдено. За среќа, веќе беше доцна во ноќта, наидовме на хотелот Дипломат, каде љубезно не примија.

Текстот во целост на: Фокус

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања