Анима мунди: Бараме јасна, децидна забрана за еутаназија на бездомните животни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија

Криви само затоа што се живи, обезвреднети, тепани, труени, масовно еутаназирани – тоа е судбината на бездомните животни! Анима Мунди, поддржани од 16 други здруженија за заштита на животните бара измени и дополнувања на Законот за заштита и благосостојба на животните кој е во процедура и конечно, пред се законска забрана за еутаназија на бездомните животни. Ова е единствен закон кој примарно мора да ги штити правата на животните, пред се нивното право на живот. Нашите предлог законски измени се достапни на следниот линк:Реакција и предлог законски измени, велат од Анима мунди.

— реклама —

Тие преку соопштение додаваат:

— реклама —

Не сме задоволни со досегашните измени, не прифаќаме игнорирање на она што е наше основно барање и фокус со години: БАРАЊЕ ЗА ЈАСНА, ДЕЦИДНА ЗАБРАНА ЗА ЕУТАНАЗИЈА како механизам за справување со бездомната популација кучиња затоа што усмртувањето се применува со децении и не донело резултат, го продлабочило проблемот, дало можност на надлежните (општините) наместо трајно решавање, само да симулираат привидно намалување фокусирајќи се на краткорочни ефекти (пр. само за време на траење на сопствениот мандат), а потоа драстично продлабочување на проблемот кое што ги изложува граѓаните на опасност. Убивањето крај нема! Сега откако за прв пат коректно се уредува одговорното сопствеништво во рамки на законот, што го поддржуваме (на која што ургентност и важност укажувавме со години, затоа што неодговорните сопственици се причинител бр. 1 за прилив на нови и нови на бездомни кучиња на улиците) итно е потребно со закон да се забрани убивањето на бездомните животни и спречи произволноста, неодговорноста, нехуманоста со која општинските власти манипулираат, животните се убиваат, се трошат општинските ресурси, а проблемот се продлабочува до недоглед!

— реклама —

‼️ ОСВЕН,

— реклама —

1). ЗАБРАНАТА ЗА ЕУТАНАЗИЈА на здрави бездомни животни, животни кои се излечиво болни и животни за кои постои интерес да бидат вдомени,

БАРАМЕ :

2). Дефинирање на дополнителни забрани кои ќе ја унапредат заштитата и благосостојбата на животните, пр:

- ЗАБРАНА за чување на кучиња постојано врзани на ланец или во бокс, без да се овозможи слободно движење надвор од тој бокс;

- ЗАБРАНА за чување, одгледување и користење копитари во урбана средина;

- ЗАБРАНА за е користење на копитари за извлекување дрва;

- ЗАБРАНА за колење и усмртување на животни во ритуални обреди, надвор од кланици;

-ЗАБРАНА за одгледување на кокошки во основен кафезен систем ;

3). Законско овластување на здруженијата за заштита на животни за спроведување одредени одредби на законот, вршење надзор, проверка на одговорното сопствеништво, т.е. измени од кои би произлегла можноста за наменски овластена служба за заштита на животните формирана од претставници на здруженијата за заштита на животни, се вели во соопштението од Анима мунди.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања