„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Анима Мунди: Негова голема среќа е што делото го направил овде, а не во Данска каде што не би излегол со години од затвор

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
Sequence-04.00_05_20_21.Still001

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара најстрога кривична казна за лицето кое од забава пред деца фрлаше кучиња во река, прикажувајќи го во живо на социјалните мрежи. Од Здружението велат дека лицето Б.В. кое било приведено за инцидентот е од Неготинско, но живее во Данска

— реклама —

,,Ова е сликовит пример на психолошка девијација и насилство врз животните – две мали кутриња кои претходно доаѓаат да се галат и мавтаат со опаш, за потоа со умисла на возрасно лице завршат со сета сила фрлени во река – додека мали деца се радуваат сметајќи ја случката за забавна, барајќи и тие да учествуваат да го сторат истото. Лицето Б. В. со веќе пријавен идентитет во полиција кој по информации кои ги добивме е од Неготинско а живее во Данска, сакаме да одговора најстрого, согласно Кривичен закон и биде пример кој не смее никогаш да не се повтори и помине неказнето. Знае ли како ќе заврши за вакво дело во Данска? Негова голема среќа е што делото го направил овде, а не во Данска каде што не би излегол со години од затвор и би добил трајна забрана за чување на животно.", велат од Анима Мунди.

Анима Мунди побараа од Министерството за внатрешни работи и од министерот Панче Тошковски итно да има измени на Кривичниот закон и засилување на казните.

— реклама —

,,Така, наместо досегашните, бараме две годишна затворска казна за предизвикување на непотребна болка на животно, или нивно изложување на непотребно страдање, убивање и суровост. Бараме задолжителна затворска казна за организација и учество на кучиња во борби, регистар за ваквите лица, како и трајна забрана за понатамошно чување на куче. Бараме, по примерот на Република Хрватска, да се пропише кривична одговорност за напуштање на миленик. На овој начин од 2024 година во Хрватска, доколку напуштањето предизвикало смрт на животно или биле напуштени поголем број животни, сторителот ќе се казни со затвор до две години. Ова е повеќе од потребно и во Македонија.", велат во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања