„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи
„Претрес“ во државниот авион: планот за евакуација од Блискиот Исток и најголемите авионски несреќи

Анима Мунди: Со грубото механичко чистење на езерцата во Градскиот парк, се уништува животната средина!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Скопје
Chistenje-ezerca-i-kanali-vo-Gradski-park-8

Во денови кога се чистат езерцата во градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и осет се уништува животното подрачје на бројни растенија и животни, се врши ликвидација на езеркиот разновиден жив свет, убиваат ијладници школки, рептили (скопскиот гекон), речни змии, жаби, тритони, алги, велат преку соопштение од  Анима Мунди.

— реклама —

Тие во соопштението додаваат:

Се деградира и неповратно уништува преубав, богат и разновиден природен амбиент кој е живеалиште на над 90 видови птици кои го красат Градскиот парк, од кои дел гнездат во него а дел го користат како попатна станица при нивната миграција.

— реклама —

Со груба механизација, нестручно работење и исклучувањето на дотокот на водата од Вардар, езерцата и каналите пресушуваат при што живиот свет се осудува на бавна смрт.

ПРИЛОЖУВАМЕ ВИДЕО СО ДЕЛ ОД ШКОЛКИ КОИ СЕ СПАСЕНИ ОД ХУМАН, ЕКОЛОШКИ СВЕСЕН И ОДГОВОРЕН ГРАЃАНИН, КОЈ НИ ПОСОЧИ ЗА НИВНАТА ВАЖНОСТ ВО ПРИРОДАТА КАКО ПРОЧИСТУВАЧИ – ВО СЛУЧАЈОВ ПРОЧИСУВАЧИ НА ВОДА КОЈА Е ОД 4 СТЕПЕН НА ЗАГАДЕНОСТ! Школките умираат како риби на суво, во болка, во обид да се вратат во муљта на водата, безуспешно. БАРАМЕ итно да запре чистењето со кое само се нанесува штета и веднаш да се консултираат стручни лица, претставници на еколошките здруженија кои знаат како оваа постапка треба да се спроведе без да се уништува се околу себе. Бараме чистењето да се спроведе хумано и со знаење, за да се ублажат до сега направените повеќе од штетни последици!

ВОЕДНО ПОВИКУВАМЕ да секој кој сака и може да помогне во спасувањето на школките и останатиот жив свет од Градскиот парк го контактира Андреј , контакт телефон 071208 570, велат од Анима Мунди.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања