Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Анкета ИРЛ.МК: За 96,4 проценти од скопјани, градбите од последната деценија се незаконски и криминални

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
anekta

Пред три недели Истражувачката репортерска лабораторија објави јавен повик со цел да ги прашаме жителите на 10-те скопски општини дали се слуша нивниот глас кога локалната власт носи одлуки кои директно влијаат врз квалитетот на нивниот живот. Анкетата сакавме да ја направиме со цел да откриеме кои се проблемите кои ги предизвикува таканаречната урбана мафија. Идејата ни беше граѓаните да ни помогнат да идентификуваме проблеми за кои не знаеме, а кои значајно може да го сменат животот на луѓето во заедницата, објави ИРЛ.МК.

— реклама —

Огромно мнозинство од граѓаните на Скопје веруваат дека во последните десет години се случува градежна експанзија, во која не се почитуваат урбанистичките планови со присуство на голема корупција.

— реклама —

Ова е главниот заклучок од анкетата со граѓани на Истражувачката репортерска лабораторија, спроведена во последните две недели во јануари годинава, во која учествуваа 1019 граѓани од урбаните и руралните скопски општини. Добивме стотици документи, фотографии, пријави за градби кои биле изградени без да се почитуваат законските и урбанистичките стандарди.

Дури 96,4 проценти од анектираните, сметаат дека при градењето на нови градби во последните 10 години во нивните општини не се почитувале урбанистичките и градежни стандарди.

Во анкетата граѓаните се неподелени околу присуството на корупцијата при доделување на градежните дозволи. На прашањето дали се сомневате на корупција при доделување на градежни дозволи, над 76 одговориле потврдно, 22 отсто одговориле со не знам, а нешто над еден посто не веруваат дека има корупција во тој процес. Оние што одговориле потврдно за присуството на корупција при доделување на градежни дозволи, веруваат дека тоа е поврзано со работата на градоначалниците и советниците, градежните инспектори како и Катастарот.

Според одговорите на граѓаните, најкорумпирани при издавање градежни се градоначалниците, кои се во тесно водство пред  општинските и државните инспектори. Помалку одговорни за корупцијата со дозволите за градба граѓаните ги сметаат советниците и Катастарот.

93 проценти никогаш не учествувале на јавна расправа за урбанистички планови

Текстот во целост на:  ИРЛ.МК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања