Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Анкета на НДИ: СДСМ со 3,3 отсто води пред ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
anketa

СДСМ води со 3,3 отсто пред ВМРО-ДПМНЕ, покажуваат резултатите од анкетата на Националниот демократски институт, која е спроведена во периодот пред да се одложат изборите,oд 26 февруари до 5 март на 1.212 анкетирани граѓани со методатат „лице в лице“, објави МКД.МК.

На прашањето за кого ќе гласате доколку изборите се одржат денеска, 22,9 отсто од анкетираните се определиле за СДСМ, а 19,6 отсто се изјасниле за најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. ДУИ доби поддршка од 7,2 отсто, Алтернатива и Алијансата имаат 5,8 проценти, додека за Беса се определиле 1,7 отсто од анкетираните. Ист процент од 1,7 доби и Левица.

— реклама —

Четириесет и три отсто од испитаниците се изјасниле дека СДСМ треба да го заврши тоа што го почнала, а 47 отсто од граѓаните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да победи на изборите.

Кај политичките лидери граѓаните одговарале за нивната наклонетост, при што за лидерот на СДСМ Зоран Заев се определиле 44 отсто, додека Христијан Мицкоски има 25 проценти.

— реклама —

Во истражувањето е забележана загриженост на граѓаните за домашните прашања како корупцијата и нивната континуирана поддршка за реформите кои ќе ја приближат земјата до Европската Унија.

— реклама —

Анкетата е спроведена во февруари/март 2020 година пред појавата на падемијата на ковид-19, пред формализирањето на членството на Северна Македонија во НАТО на 19 март и пред одлуката на 24 март за почеток на преговори со ЕУ, на примерок од 1.212 испитаници, а маргината на грешката е +/- 2,81 проценти.

Осумдесет и два отсто од испитаниците дале поддршка за влез на земјата во Унијата, три од десет испитаници го поддржале Преспанскиот договор, а 58 отсто се согласиле дека договорот бил неопходен за придвижување на евроатлантските интеграции на Северна Македонија.

— реклама —

Од институциите најголема поддршка добил претседателот на државата – 35 отсто, а најмала доверба граѓаните имаат во правосудниот систем – 12 отсто.

извор: МКД.МК

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања