Промени тема
Контакт

Aнкетата на американскиот ИРИ покажува дека историски најниски 18% мислат дека државата оди во правилна насока, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
DSC_0109

Анкетата на американскиот институт ИРИ покажува дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема доверба меѓу граѓаните, вели ВМРО-ДПМНЕ

„Ова значи дека владата на СДСМ и ДУЕ администрирана од Ковачевски води штетни политики и народот бара промени.

Само 18% од граѓаните мислат дека Македонија се движи во правилна насока и ова е историски најлошиот резултат на доверба од граѓаните на било која влада досега.

— реклама —

Тоа покажува дека власта на Ковачевски ќе биде казнета на следните избори, затоа што народот виде дека се неспособни и неодговорни. Тенденцијата покажува дека власта катастрофално ќе изгуби, затоа што со секој изминат ден ја пропаѓаат државата се подлабоко.

— реклама —

Резултатите од анкетата претворени во изборни резултати, значат убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ со околу 100 илјади гласови разлика.

Граѓаните со оваа власт на СДСМ не живеат подобро, стандардот им пропаѓа поради високата инфлација и поскапувањата, но и поради криминалот и корупцијата кои ги јадат буџетските пари.

— реклама —

Заради криминалот на СДСМ и ДУИ граѓаните плаќаат скапо, а ништо не добиваат за возврат од државата“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања