„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика
„Претрес“ на Јаневска: Штанцање на закони, купување дипломи, ниска култура, (не)писменост, политика

Анкетите почнаа - Константин, Мишел, Лазе, Пецаков, Паскали, Донев ...

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
anketi-kandidtai

Деновиве во Охрид интензивно се прават анкети со кои се мери рејтингот на поедини личности кои се спомнуваат во јавноста или се посакуваат од политичките центри како потенцијални кандидати за претстојните Локлани избори кои ќе мора да се одржат најдоцна до мај 2019 година.

— реклама —

Според она што анкетарите прашуваат најмногу од прашањата кои се поставуваат се однесуваат на актуелниот в.д. Градоначалник Константин Георгиевски од СДСМ и на адвокатот Мишел Наумоски кој дел од ВМРО ДПМНЕ.

Сериозен дел од прашањата на анкетите е посветен и на Лазе Танески кој е Претседател на СДСМ Охрид и успешен менаџер и инвеститор во хотелски бизниси, а секако тука е и Сашо Донев кој е прв човек на ВМРО ДПМНЕ.

— реклама —

На анкетата се ставени и Кирил Пецаков, Томислав Тунтев, Жаклина Лазареска, Васко Паскали, Лазар Коњаноски, Гордана Коњаноска, Митко Тилев, Дејан Паноски, Димитар Спасески, Љупчо Грданоски и други.

Во посебен дел се обработува со прашања еден познат охридски бизнисмен, кој се смета за најуспешен „self made man“ во охридските бизнисмени ( човек кој сaм се остварил ) и кој целиот свој бизнис успех го должи на својата работа која повеќе од 20 години е далеку од политиката и политичките криминални центри.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања