Промени тема
Контакт

Ансамбл „Отекс Фолк“ одбележа 40 години постоење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Охрид
Otex_051123008

Со целовечерен свечен концерт што вечеравечер се одржа во ЦК „Григор Прличев“ фолклорниот ансамбл „Отекс Фолк“ од Охрид одбележа 40 години од своето основање.

Пред присутните се обрати градоначалникот Кирил Пецаков.

— реклама —
— реклама —

Задоволство и чест е да се присуствува на оваа свеченост на која одбележуваме јубилејни 40 години од основањето на фолклорниот ансамбл „ОТЕКС фолк“ од Охрид. Јас верувам дека нема охриѓанец којшто не слушнал за ова фолклорно друштво, нема семејство од градов од кое барем еден член не заиграл оро или не засвирил на некој инструмент во ансамблот „ОТЕКС“. Со вас растевме, созревавме и се изградувавме во добри личности, а вие сите овие години умешно не учевте за традиционалните културни вредности кои се белег на нашето постоење. Преку универзалниот јазик на орото и песната 40 лета ја промовирате нашата култура во Светов ширејќи мир помеѓу народите и искоренувајќи ги баналните предрасуди. Преку вашите активности сваќаме дека уметноста нема граници, не познава национални политики и недоразбирања. Јазикот на музиката и танцот е разбирлив на сите континенти. Низ разновидни песни, игри и обичаи, се гради мост на пријателства помеѓу земјите и народите, а истовремено се оживува минатото, поврзувајќи не со сегашноста. Затоа драги основачи, играорци и музичари кои во различни периоди сте биле дел од ансамблот ви благодарам за се што сте направиле за нас. Вие го вградивте традиционалниот културен код во нас, а и одлично ја промовиравте нашава култура во Светот.Посакувам и во иднина да ви се множат многу успеси со желба преку танцот и музиката да освојувате уште многу земји и меридијани– рече Пецаков.

— реклама —

Концертот беше проследен од бројна публика.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања