Ударно
Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Ансамблите задоволни - годинава правично распределени средствата од министертво за култура

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
drimkol

Министерството за култура ги објави резултатите од Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2020 година по дејности и области. Конкурсите на Министерството за култура манифестираат отвореност, односно нудат можност за поддршка на граѓански организации, уметници, стручни работници, манифестации, фестивали,  интердисциплинарни иницијативи, велат од министерството за култура.

— реклама —

Во таа смисла, и оваа година на објавените конкурси за поддршка на проекти од национален интерес за 2020 година во Министерството за култура пристигнаа повеќе од 4000 апликации, доставени од физички лица, установи од областа на културата , единици на локалната самоуправа, здруженија, сојузи, асоцијации, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица регистрирани во Република Северна Македонија за вршење дејности од областа на културата.

Сите пристигнати пријави внимателно беа разгледувани од стручните комисии, составени од реномирани професионалци од соодветните дејности, кои при селекцијата на пријавите особено внимаваа да овозможат правична, квалитетна и соодветна распределба на буџетските средства.

— реклама —

За разлика од минатата година кога не стивнуваа реакциите на здруженијата на граѓани за организирање на културно уметнички активности за скандалозното доделување на пари од страна на Министерството за култура, годинава имаме поинаква ситуација. Контактиравме повеќе ансабли кои се видно задоволни од начинот и критериумите по кои се водела комисијата за распределба на средствата.

Антонио Димитриески претседател на Ансамблот „Илинден“ вели:

  • За разлика од лани кога ние како ансамбл бевме деградирани, сметаме дека годинава комисијата зела во предвид повеќе критериуми. Поддршката е значајна и соодветна. Средствата ќе помогнат во реализација на програмата. Ние конкретно имаме планирано 10 самостојни концерти низ државава, 4 турнеи, а најзначајна е „Фолклоријадата“ во Русија, на која ќе ја претставиме нашата земја, вели Димитриески.

Сличен став има и претседателот на Културно-уметничкото друштво „Јени Јол“ од  Скопје, Халил Абдула. Тој вели:

  • Вакво нешто немало никогаш.  Етничките друштва никогаш не добиле ваква распределба на средствата. Лани добивме три пати помалку. Годинава сме презадоволни. Постоиме 72 години и не памтиме ваква распределба на средствата до сега. Се надеваме дека овој начин ќе продолжи и следните години, вели Абдула.

Задоволни се и од Ансамблот „Китка“ . Но претседателот  Стојко Митковски на овој ансамбл вели:

  • Добро е, но може да биде и подобро. Не ни се допаѓа баш начинот на распределба на средствата. Имаше ансамбли кои добија добра сума на пари, а постојат по 4, 5, 6 години...Но, сепак добро е што добивме. Ние постоиме 45 години, па се надеваме дека од година во година пропустите ќе се исправаат и ќе се стигне до правилна распределба на средствата, вели Митковски.

Дека во распределбата на средтвата има подобрување кажа и претседател на уште еден реномиран ансамбл кој не сакаше да биде цитиран. Тој кажа дека годинава за разлика од лани има подобрување во начинот на распределбата на средтвата и дека горе долу е коректна распределбата за ансамбли. Негова идеја е културата да се децентрализира. Смета дека на ваков начин многу ансамблите би биле позадоволни.

Задоволството од годинешната распределба на средтвата не го криеше ни претседателот на „Дримкол“ од Вевчани.

  • Оваа година комисијата за фолклор покажа рамноправност и професионалност во распределбата на народните пари. Се гледа дека воделе сметка за квалитетот на програмите и пред се за покажаните досегашни активности на ансамблите. Ние како друштво секогаш сме биле поддржани од страна на Министерството за култура, но, последниве 3 години се случуваа некои чудни распределби и поделби на друштвата што зачудуваа и вознемируваа. Оваа година работата на комисијата за фолклор при министерството за култура заслужува да биде поздравена, не дека кој знае колку пари сме добиле, но, важно има разлика на нивниот пристап кон фолклорот и кон ансамблите што вистински работат, а државата ни е мала ние сами меѓу себе се знаеме кој колку вредиме и тежиме. За мене тежината и вредноста на еден ансамбал се мери според концертирањата прво во нашата држава, учеството на нашите домашни фестивали и смотри, учеството на домашни манифестации во разни општини, а не кој колку турнеи во странство реализирал, бидејќи тоа денес е најлесно, има комерцијални фестивали каде децата плаќаат, раководителите заработуваат, но, тоа е туристичка дејност, а не културно-уметничка. Затоа велам дека годинава комисијата водела сметка за активата на друштвата и за нивниот допринос во негувањето, развојот и промоцијата на културното наследство во нашата држава и надвор од неа. Посакувам и во иднина комисиите во министерството да продолжат во овој правец и уште подобро, вели Тоше Чочороски од „Дримкол“ Вевчани.

Министертвото за култура на својот официјален сајт објави дека поддржани се издржани и добро аргументирани проекти, конципирани со квалитетни уметнички содржини, проекти преку кои се негуваат и поттикнуваат културниот диверзитет, уметничкото творештво и културниот развој. Значајна поддршка е дадена и на проектите преку кои се промовираат еднакви можности за сите (мултикултурни вредности во општеството, родова рамноправност, инклузија на лица со посебни потреби, социјално ранливи групи итн.).

фото: Архива

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања