(ВИДЕО) Антарктикот не ја исплаши: Колинда Грабар-Китаровиќ скокна во ледено море

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 седмица -

Магазин
media-library1cplqr9nrtcf1yztpB9

Поранешната хрватска претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ се огласи од Антарктикот, каде што скокна од гумен чамец во ледениот океан. Снимката ја објави на својот Инстаграм-стори, а ја сподели и патеписецот Кристијан Иличиќ.

— реклама —

„Колинда покажа вистински поларен карактер. Поларен скок на Антарктикот – ледено море, студ што навлегува до коските и насмевка што кажува сѐ. Ова не се доживува секој ден“, напиша Иличиќ.

— реклама —

Што е „cold plunge“ (ладно потопување)?

„Cold plunge“ или ладно потопување претставува делумно или целосно нурнување на телото во ладна вода во траење од неколку минути. Тоа може да се практикува во када со мраз, езеро, океан или во специјализирани центри. Препорачаната температура на водата е 10 степени Целзиусови или пониска, а за почетници се препорачува времетраење од 30 до 60 секунди.

— реклама —

Некои тврдат дека ладната вода ги намалува воспаленијата, го забрзува опоравувањето на мускулите и го подобрува расположението и менталната издржливост.

Сепак, стручњаците предупредуваат дека изложувањето на ладна вода предизвикува т.н. реакција „бори се или бегај“, го забрзува срцевиот ритам и го зголемува крвниот притисок.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања