Промени тема
Контакт

Aнтикорупциска да ги истражи сомнителните договори на градоначалникот Ѓорѓиевски, вели Петрески

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
orce31012022

Целата јавност виде како Орце Ѓорѓиевски во време на економска и енергетска криза, парите од општината ги троши расипнички, Бојан Петрески од СДСМ

„100.000 евра ќе потроши Ѓорѓиевски за исплата на хонорари преку авторски договори на негови блиски лица, роднини, сопартијци и медиумски гласници на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

За ова расипничко трошење на парите на граѓаните од страна на Ѓорѓиевски истрага треба да поднесе Државната комисија за спречување на корупцијата.

Државната комисија за спречување на корупција да постапи по допрен глас и да утврди дали преку овие договори е прекршен законот, дали има злоупотреба на службената положба и непотизам.

— реклама —

Ѓорѓиевски исто како и сите градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ наместо за граѓаните, општинскиот буџет го крчми на непродуктивни трошоци, на вдомување партиски кадри.

— реклама —

Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ секојдневно покажуваат дека во опозициската партија ништо не се менува, дека тие немаат намера да работат за интересите на граѓаните, туку исклучиво за личните и партиските интереси“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања