Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Антикорупциска да ја преиспита одлуката за аферата „Броило“, граѓаните ги плаќаат да гонат корупција, а не да бидат адвокати на власта, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
ivanovska-696x392

ДКСК јавно се избламира изигрувајќи адвокат на дезертерот Ковачевски. Без јасна елаборација во јавноста тие побрзаа да го амнестираат Ковачевски за аферата „Броило“ тешка 26 милиони евра. Затоа ВМРО-ДПМНЕ поднесува претставка до ДКСК со цел истата убаво да го испита случајот и да донесе одлука согласно со законот, вели ВМРО-ДПМНЕ

„За да им помогнеме ќе им посочиме неколку непобитни факти.

— реклама —

Прво, Ковачевски и неговиот кум ја основаат „Пиксел Груп“ 5 месеци откако СДС формира влада во 2017 година. Од тука почнува аферата „Броило“ и создавањето на соларниот картел кој до сега е влезен во бизниси од над 26 милиони евра.

Второ, за само една година, „Пиксел Груп“ гради фабрика за изработка на фотоволтаични панели.

— реклама —

Трето, во истиот период КМГ ЕОЛ Квазар, сопственост на кумот на Ковачевски добива државни тендери во висина од 2 милиони евра, и тоа за поставување на соларни панели, кои ги прави „Пиксел Груп“. Од тука почнуваат сомнежите за злосторничко здружување.

— реклама —

Четврто, Ковачевски станува заменик министер за финансии, а КМГ ЕОЛ Квазар склучува договор со ЕВН од над 2 милиони евра, повторно за монтирање на фотоволтаични панели, која самата не ги изработува, туку ги изработува „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски. Тргувањето со влијание е впечатливо.

Петто, Ковачевски станува премиер во јануари 2022 година. Четири месеци подоцна во Бугарија се отвора фирма од бугарски граѓани под името „Солар Хорајзон“. Во август 2022 бугарската фирма доаѓа во Македонија и заедно со „Пиксел Груп“ основана од Ковачевски почнуваат инвестиција во фабрика во ТИРЗ Тетово во вредност од 54 милиони евра.

— реклама —

Дополнително, „Пиксел Груп“ на Ковачевски добива државна помош, и кога Ковачевски е заменик министер за финансии и во време додека е мандатар за избор на нова влада.

Антикорупциска има можност да се преиспита и да се одважи. Доколку ДКСК имаат храброст треба да отворат случај и целата афера „Броило“ да ја испитаат. Граѓаните ги плаќаат да се борат со корупција, а не да бидат адвокати на функционерите од власта“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања