Антикорупциска истражува дали законски е доделена помошта на групер.мк

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
nina-angelovska-010-960x540

— реклама —

Антикорупциската комисија работи врз предмет на владините прв сет мерки како помош за компаниите погодени од корона кризата, меѓу кои е и онаа што ја доби компанијата во која како ко - сопственик се јавува сега веќе екс министерката за финансии Нина Ангеловска. Клучно е по кои критериуми се доделувала помошта, велат од Антикорупциската комисија за РСЕ.

— реклама —

Вкупно 11 илјади евра за три месеци државата и исплатила помош за исплата на плати на фирмата Вебспот ДОО, покажуваат податоците од алатката за транспарентност „Отворени финансии“. Но, вниманието на јавноста кон оваа фирма го привлече податокот дека еден од сопствениците на оваа компанија е довчерашната министерка за финансии во владата на СДСМ Нина Ангелевска која се грижеше за распределбата на државниот буџет.

Според податоците од Централниот регистар, Ангеловска во оваа компанија фигурира како еден од тројцата сопственици и основачи на платформата за он лајн трговија - групер.мк со учество во основачкиот влог од 2600 евра. Како управител на компанијата во документот од Централниот регистар е заведен еден од нејзините партнери Мартин Китановски.

Текстот во целост на:  РСЕ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања