„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Антикорупциска ќе проверува како ќерката на Караџовски се вработила во ИЈЗ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
antikorupciska-1

Навредливите зборови упатени кон новинарите од страна на ќерката на Жарко Караџовски вчера преку социјалната мрежа Фејсбук, им паднаа в очи и на антикорупциската комисија. Антикорупциска ќе истражува како и кога во ИЈЗ била вработена ќерката на Жарко Караџовски. Комисијата ќе проверува и дали има судир на интереси што таа е задолжена да ја објавува дневната ковид статистика кога нејзиниот татко претседава со комисијата за заштита од заразни болести. Ако има прекршувања на законот ќе има и постапката, посочуваат од антикорупциска. Постапката за вработување на Караџовска денес ја проверувал и вице премиерот за борба против корупција и криминал. Од неговиот кабинет информираат дека работата ја добила во 2014 година, а во тој период тврдат дека нејзниниот татко не одлучувал за вработувања.

— реклама —

За потсетување  Караџоска на својот профил меѓу другото напиша:

Читам наслови уште од синоќа од типот: Зошто вчеравечер доцнеше статистиката за ковид-19? Да ви се одговори, драги безобразни новинари: Бидејќи системот е оптоварен, вработените остануваат ноќе до касно да бројат рачно и да внесуваат податоци, за потоа истите податоци да се испратат до релевантни структури за проверка и споделување, напиша на Фејсбук,  Елена Караџовска, ќерката на епидемиологот Жарко Караџовски.

— реклама —

Навредливите статуси кај Караџовска денеска ги нема на  нејзиниот профил.

 

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања